Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше воодушевен од победата (1-0) против Севилја и пласманот во полуфиналето на Купот на кралот.
„Имам среќа што играчите кои влегоа го направија тоа што го замислив. Натпреварот беше изедначен и ризикувавме повеќе во нападот“ – вели Симеоне.
„Промените ни го дадоа резултатот што го посакуваше целиот стадион“ – изјави аргентинскиот тренер.

