Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше за ситуацијата со напаѓачот Жоао Феликс, чија позајмица во Челзи истекува на крајот од оваа сезона.
„Тој ќе мора да се врати, а ние треба да му го дадеме најдоброто. Тој има одлични услови. Тоа ќе биде она што тој го посакува. Тој е играч на Атлетико. Компатибилен сум со сите играчи, немам проблеми со никого. Немаше среќа со повредите. Кореа потоа победи во конкуренцијата против него. Тој е млад човек со голема иднина пред него. Или со нас или со друг тим. Дали ќе го продадеме Жоао? Треба да видиме дали тоа е економски корисно за клубот“, изјави Симеоне.
Да потсетиме, Феликс се пресели во Атлетико Мадрид од Бенфика за 127,2 милиони евра.Трошоците за позајмица во Челзи беа 11 милиони евра.

