Самоил Симев поднесе оставка на позицијата – директор на ФК Вардар, но, ќе остане во клубот за да помогне околу расчистување на долговите.
„Минаа 7 години како сум назначен на позицијата од која заминувам. Сакам да изразам благодарност до г-дин Самсоненко за укажаната чест да се биде дел од најголемиот спортски бренд ФК Вардар но и за се она што тој го направи на спортски план со сите колективи. Благодарност до медиумите, подржувачите, критичарите и најверните – Комити. Посебна благодарност до сите фудбалери и тренери низ годините од првиот тим и младинските категории, колеги вработени во клубот, кампот и Академијата“ – наведува Симев во соопштението.
„Апелирам до сопствениците на клубот и надлежните институции, спортска јавност, бизнисмени и засегнати страни да вложиме максимален напор сите заедно и да се обединиме околу Вардар. Да му се помогне сега кога е најтешко. Напоменувам дека месецов е клучен и мора да се најде решение“ –стои меѓу другото во објавата на Симев

