Над 13.000 натпреварувачи в недела ќе се појават на јубилејното 20. издание на Скопскиот маратон. Директорот на трката, Кире Синадиновски, во денешното интервју за Спортското радио 90. 3 фм, потенцираше дека низ скопските улици уште еднаш ќе имаме голем број на натпреварувачи во повеќе трки и се поголем број на странски натпреварувачи.
„Годинава ќе го собориме рекордот со бројот на учесници. Исто така ќе имаме и рекорден број пријавени натпреварувачи во маратон. Имаме две мали корекции на трасата, особено на трката на 5 километри, бидејќи таму имаме најголем број на пријавени натпреварувачи и се создава тесно грло. Затоа годинава направивме некои корекции за се да мине во најдобар ред. Ги поканувам сите скопјани в недела да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците, за да покажеме дека Скопје е еден од градовите во кои се трчна најдобриот маратон“, вели Синадиновски.
Скопскиот маратон ќе се одржи в недел (6 октомври). Стартот е во 8 часот пред Собранието на Р. Македонија.

