Синдикатот на фудбалери на Македонија и официјално потврди дека при вчерашните тестирања во екипите на Ренова и Шкендија откриени се позитивни случаи на коронавирус.
„Денес за жал немаме убава вест.По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19.По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаеви.Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа.Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани.Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот.Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на ФК Ренова и двајца во таборот на ФК Шкендија.
Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига“, се вели во објавата на Синдикатот на „Фејсбук“.

Од страна на Синдикатот на фудбалери на Македонија најавија дека двајца се од Шкендија, и четири лица од Ренова, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот.

