Јаник Синер е новиот шампион на Австралија опен. Младиот италијански тенисер стигна до дебито на Грен слем турнирите, победувајќи го третиот играч во светот Данил Медведев со 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3.
По големата победа над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, Синер успеа да победи уште еден Грен слем шампион и да го оствари својот голем сон.
Италијанецот стана најмладиот шампион во Мелбурн по Новак Ѓоковиќ во 2008 година.

