Челзи ќе бара промена на лиценцата под која ќе мора да работи за време на санкциите на сопственикот, Роман Абрамович.
Барањето доаѓа откако британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на Русинот а клубот ќе може да работи под специјални услови. Тоа значи дека не смее да прави трансфери, да продолжува договори на фудбалери како и да продава акции.
„Ќе разговараме со адвокатите за специјалната лиценца. Ќе побараме и насоки за промена на лиценцата врз хуманитарната работа на Челзи“ – стои меѓу другото во соопштението на лондончани.