Фудбалскиот состав Челзи го претстави третиот дрес за тековната сезона. Тоа е референца од првиот тим во историјата на клубот од 1905 година.
Бојата е карактеристична и позната на островот како Етон сина, која е нијанса на зелената со прелив кон сина која е традиционална боја на „Стемфрод Бриџ“.
Фудбалерите за прв пат ќе го облечат новиот дрес в недела на гостувањето кај Борнмаут. Дресот е се уште се без преден спонзор а ќе го носи и женската екипа на лондончани.