Неколку англиски фудбалски екипи се заинтересирани за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој најави дека сака да ја напушти Серија „А“ и да заигра во Премиер-лигата.
Челзи е на првото место бидејќи бара замена за Рудигер кој на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине. Манчестер Јунајтед исто така отворено најави дека ќе влезе во преговори со агентите на корпулентниот играч.
Трансферната вредност на Кулибали е некаде околу 40 милиони евра.