Челзи и Реал Мадрид вечер од 21.00 часот на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ ќе го одиграат реваншот од полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
Првата средба во Шпанија заврши 1:1 што на хартија им дава предност на лондончани. Двата тима досега се сретнале 4 пати, „сините’ забележале две победи а два меча завршиле нерешено. Традицијата е на страната на Англичаните, но, вкупната статистиката им дава надеж на Шпанците дека можат да одат во финалето. Имено, Челзи досега играше против шпански тимови 12 пати и само во 5 случаи продолжи понатаму. Реал е многу успешен во елиминациските натпревари со англиските ривали и има ефект 9-5.
Веројатни состави : ЧЕЛЗИ: Менди, Силва, Рудигер, Кристенсен, Аспиликуета, Жоржињо, Канте, Чилвел, Маунт, Пулишиќ, Хаверц. РЕАЛ: Куртоа, Одриосола, Милитао, Начо, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Бензема, Винисиус. Стадион: Стемфорд Бриџ, Лондон. Судија: Даниеле Орсато (Италија)

