Шпанскиот фудбалски голман, Кепа Аризабалага, најверојатно ќе мора да го напушти составот на Челзи откако првите луѓе на англискиот тим започнале да бараат замена за најскапиот голман на светот.
Според медиумите во Англија, Кепа Аризабалага, за кого во 2018 година на Атлетик Билбао му беа платени големи 80 милиони евра, не го задоволил вкусот на луѓето од „Стемфорд Бриџ“ и затоа ќе биде ставен на трансфер листата.
Како можна замена за младиот 25-годишен Шпанец, се спомнува голманот на Барнли, Ник Поуп, кој во тековнава сезона покажува блескави партии.

