Екипата на Челзи потврди дека го ангажирала фудбалерот од средниот ред на Спортинг Дарио Есуго.
20-годишниот Португалец во изминатата сезона играше како позајмен за шпанскиот Лас Палмас. Тој на 27 натпревари постигна 1 гол.
Есуго во 2012 година го сруши рекордот на Луис Фиго и стана најмлад фудбалер кој започнал како стартер за екипата од Лисабон.

