Напаѓачот на фудбалскиот состав Арсенал, Фоларин Балогун, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Челзи иако за неговите услуги се заинтересирани и Интер, Монако и Фулам.
22-годишниот Американец има откупна клаузула од 50 милиони што не треба да биде проблем за тимот од – „Стемфорд Бриџ“.
Балогун во претходната сезона играше како позајмен во Рен. На 39 натпревари за францускиот клуб постигна 22 гола и направи 3 асистенции.