Фудбалскиот состав на Челзи нема намера да го продаде крилото Калум Хадсон-Одои. Според весникот – „Тајмс“, лондончани ќе ги отфрлат сите понуди што ќе пристигнат за младиот играч.
Репрезентативецот на Англија има договор до 2020 година а менаџментот од „Стемфорд Бриџ“ се обидува да му го продолжи. За 18-годишниот фудбалер од средниот ред се заинтересирани: Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Манчестер Јунајтед.
Младиот Калид Хадсон-Одои во тековнава сезона има одиграно 24 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 6 голови и забележа 6 асистенции.