Челзи покажува дека е заинтересиран за централниот дефанзивец на Вилјареал, Пау Торес, пренесува –„Дејли Меил“.
23-годишниот фудбалер на шпанскиот клуб со одличните настапи го привлече вниманието на другите екипи како што се: Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Барселона. Откупната клаузула на Торес е 50 милиони евра, што е солидна сума која може да си ја дозволат „сините“ од Лондон.
Покрај тоа, Френк Лампард сака да се засили со Бен Чилвел од Лестер бидејќи неговата одбрана е една од најслабите во Премиер-лигата.