Клубот од Лондон, Челзи, кој не смее да купува фудбалери во текот на летово бидејќи има забрана од УЕФА, се надева дека работите набрзо ќе се променат и дека ќе може да ангажира нови играчи уште во јануари во 2020 година.
Имено, Англичаните испратиле уште една жалба на одлуката која им забранува да бидат активни на трансфер пазарот со надеж дека таа ќе биде прифатена и дека рокот ќе биде драстично намален.
Медиумите прогнозираат дека новиот трене на „сините“, Франк Лампард, сака да ангажира лев бек и дека на неговиот радар се наоѓа Бен Чилвел од Лестер кој има трансферна вредност од 70 милиони фунти.