Фудбалскиот состав Челзи го отпушти тренерот, Томас Тухел, се вели во соопштението на клубот.
Лондончани изразија благодарност за работата на Германецот и му дадоа место во историјата откако го освои вториот трофеј во Лигата на шампионите во 2021 година. „Сините“ од потрошија 281 милион евра на летните засилувања но, имаа разочарувачки старт како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите.
Доцна синоќа тие загубија кај Динамо (Загреб), што на крајот се покажа фатално за германскиот тренер.