Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, по вчерашниот триумф против Интер во дербито на Серија „А“, вели дека „римските орли“ можат да останат до крајот на сезоната во трката за Скудетото.
„Јас дадов гол, но, победата ја обезбеди целиот тим. Ние сме семејство и сакаме така да продолжиме. Интер иако не беше добар во првото полувреме даде гол. Сепак во вториот дел одигравме како што очекуваваме“ – вели фудбалерот на Лацио.
„Ако бидеме во самиот врв на крајот на сезоната нема да се откажеме лесно од Скудетото. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – изјави српскиот интернационалец по вчерашниот меч на „Олимпико“ во Рим.