Фудбалерот, Марко Пашалиќ, кој во тековнава сезона постигна седум голови и направи исто толку асистенции во дресот на Аталанта, ќе остане и понатаму во Серија „А“.
Хрватот кој играше како позајмен од Челзи сега ќе биде на платниот список на тимот од Бергамо откако челниците на калчо-лигашот се одлучија да му го откупат договорот. Информацијата беше потврдена и на социјалните мрежи. „Сините“ за направениот трансфер ќе добијат 15 милиони евра.
Пашалиќ кој во 2014 година го напушти Хајдук и замина во Англија, не успеа да се наметне за првиот состав на –„Стемфорд Бриџ“. Тој еден дел од кариерата ја помина како позајмен играч во Милан и Спартак Москва.