Фудбалерот на Фиорентина, Џовани Симеоне, кој игра како позајмен во екипата на Калјари, вели дека има голема желба да ги брани боите на Атлетико Мадрид без разлика дали таму ќе остане на тренерската позиција неговиот татко, Диего.
25-годишниот играч кој има забележителни партии во Серија „А“, вели, дека од мали нозе сака да настапува во дресот на „јорганџиите“, за разлика од многумина, кои преферираат да играат за Реал или Барса.
„Тоа го сонувам уште од дете и тоа го сакам. Мојот татко е тренер таму, се надевам дека тој ќе ми биде тренер еден ден. Сега тешко дека ќе потпишам за нив додека татко ми е тренер“ – вели искрено младиот Симеоне.