Во МЛС лигата на САД од следната сезона ќе има уште еден нов клуб. Како што официјално потврдија од фудбалската лига на САД, следната сезона нов член во елитата ќе биде и тимот на Синсинати.
По разгледувањето на апликациите и Синсинати доби „зелено светло“ за приклучување во фудбалската лига на САД. Тимот од Охајо ќе почне да се натпреварува во МЛС следната сезона, а до 2021 година кога ќе биде изграден нивниот нов стадион ќе настапуваат на еден од старите објекти во градот.
Само да потсетиме дека пред извесно време во МЛС беше примен и Мајами, кој е клуб на легендата на англискиот фудбал, Дејвид Бекам.