Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Алиу Сисе, вели дека по многу добри работи ќе го памети настапот во Русија.
„Русија има одлично светско првенство. Верувајте ми, бев на Светското првенство во Јапонија и Кореја во 2002 година како играч. Русија не е инфериорна во однос на Јапонците, но тие се цареви за организација. Овој турнир ќе има одличен оглас за Русија. Сè е добро тука – хотели, тренинг центри, стадиони и особено луѓето кои не поздравија и ни помогнаа“, изјавил Сисе, по емилинацијата на неговата репрезентација во првата фаза на Мундијалот.