Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово во рамките на баражот во Лигата на нациите најверојатно ќе се одигра во Октомври, најавуваат дел од медиумите.
Одлуката треба да биде донесена на состанокот на Извршниот Одбор на УЕФА закажан за 17 и 18 јуни. Мечот кој требаше да се одигра во Скопје во март месец беше прво одложен за јуни а потоа со оглед на пандемијата на корона-вирусот, повторно беше пролонгиран.
Сега УЕФА најави дека Извршниот комитет ќе донесе неколку значајни одлуки како за завршницата во Лигата на Нации така и за финишот на сезоната во европските купови.

