Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе се обиде да го убеди напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг да го продолжи договорот со клубот.
Шпанскиот стратег наводно разговарал со црномурестиот голгетер и му најавил дека амбициите на клубот ќе одат во нагорна линија и дека за таа цел во текот на летово ќе бидат обезбедени квалитетни засилувања.
Медиумите во Англија наведуваат дека „топчиите“ паралелно планираат да го продадат Французинот, Лаказет и со добиените средства да го покријат новиот договор на Обамејанг.