Доколку Садио Мане остане на ставот дека ќе си замине од редовите на Ливерпул, тогаш „црвените“ ќе се обидат да ангажираат фудбалер на Челзи, се наведува денеска во медиумите на Островот.
Станува збор за Кристијан Пулишиќ, кој не е задоволен од минутажата што ја доби од тренерот, Томас Тухел.
Затоа репрезентативецот на САД јавно нагласи дека планира да ја промени средината и дека чека евентуални понуди.