Денеска од 18 часот ќе стартува ждрепката за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони која за последен пат ќе се реализира со постоечкиот формат.
32 екипи ќе бидат поделени во осум групи а првите две од секоја од нив ќе одат во фазата на елиминации. Пехарот ќе го брани Манчестер Сити а ќе го напаѓаат великаните од Германија, Шпанија, Италија итн. Од македонските интернационалци единствено ќе игра Елиф Елмас со неговиот Наполи.
Завршниот меч за победничкиот пехар е предвиден за 1 јули догодина на легендарниот стадион – „Вембли“ во Лондон.

