Во текот на денов во седиштето на УЕФА во Нион ќе бидат формирани двојките за последниот елиминациски филтер во Лигата на фудбалските шампиони.
Реал Мадрид е во улога на бранител на тронот а Баерн Минхен, Ливерпул и Рома ќе се обидат да го запрат неговиот нов поход кон врвот. Во ждребувањето ќе нема привилегирани а Рома е единствениот тим што нема европска титула.
Претходно ќе бидат составени двојките за истата фаза и во Лигата на Европа. Во трката за пехарот останаа: Арсенал, Атлетико Мадрид, Салзбург и Олимпик Марсеј.