Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ќе го одиграат големото градско дерби со Сити. „Црвените ѓаволи“ се во трката за место што носи пласман во ЛШ за наредната сезона додека гостите се борат со Ливерпул за победничкиот пехар во Премиер лигата.
Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека мечот е посебен предизвик за двата табора кои се соочуваат со проблеми во ростерот.
„Дербито го чекаме сите иако доаѓа во непријатен момент за нашиот состав по поразот од Евертон. Сите фудбалери се разочарани и ќе биде навистина тешко“ – вели норвешкиот тренер.