Сите играчи на фудбалскиот клуб Сампдорија кои беа заразени со коронавирус веќе се излекувани, ова го потврди тренерот Клаудио Раниери.
„Сите наши играчи се излекуваа. Јас бев многу тажен што слушнав дека има инфицирани момчиња во тимот, но фала му на Бога, сега е добро. Одржував контакт со нив и можам да кажам дека тие се во добар дух”, рече Раниери.
Првиот позитивен тест на Ковид-19 на играч од оваа екипа беше кај напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а подоцна стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.