Манчестер Сити ќе направи понуда од 200 милиони фунти во јануари за младата ѕвезда на ПСЖ и светското фудбалско првенство Килиан Мбапе, објави „Дејли мејл”.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е исклучително заинтересиран за младата француска супер-ѕвезда и го сака по секоја цена во своите редови. Напаѓачот покажа голем развој во последниве неколку месеци и добро се представи за време на Светското првенство во Русија, на кое неговата земја успеа да ја освои титулата.
ПСЖ, исто така, може да се согласи за горенаведената сума бидејќи клубот влегува во сериозни проблеми со купувањето на младиот играч и Нејмар. Имаше дури и можност парижаните да бидат исфрлени од европските натпреварувања, но тимот успеа да се справи со тој проблем, но тоа е само за краток период.