Фудбалерот на Лидс, Келвин Филипс, може да го засили средниот ред на Манчестер Сити, најавија денеска медиумите во Англија.
Шампионот на Премиер-лигата сака целата работа да биде завршена пред да ја стартува летната турнеја во САД.
26-годишниот фудбалер во последната сезона во Премиер лигата одигра 20 натпревари и постигна 1 гол.

