Откако саботниот натпревар на Манчестер Сити против Вест Хем во Премиер лигата беше одложен поради лошото време во Англија, неочекувано „граѓаните“ добија цели три недели одмор пред да ги продолжат настапите.
Тоа значи дека избраниците на Пеп Гвардила ќе имаат доволно време да ги наполнат батериите бидејќи по одморот ќе ги чека пеколно темпо исполнето со дузина мечеви. На 22 февруари ќе играат со Лестер, веднаш потоа со Реал Мадрид во ЛШ по што доаѓа финалето на Лига Купот против Астон Вила.
„Сино белите“ на 4 март ќе имаат меч и со Шефилд во 1/8 финалето од ФА Купот. Севкупно гледано, Манчестер Сити во зависност од резултатите, може да одигра најмалку осум натпревари за само 28 денови.