Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Вулверхемптон во рамките на 22 коло во Премиер лигата и се доближа на само четири бодови до лидерот Ливерпул.
Шампионот на Англија немаше многу проблеми да прокнижи нови три бода откако Жезус погоди во 10-та и 39-та (пенал) а гостите си постигнаа и автогол во 78 минута. Мечот помина во тотална доминација на тимот од –„Етихад“ кој од 19-та минута имаше и човек повеќе на теренот по исклучувањето на Бол.
Натпреварот ќе биде запаметен по убавиот јубилеј на Давид Силва. За Шпанецот тоа беше 267. настап, со што стана фудбалерот со најмногу настапи во Премиер лигата во дресот на „граѓаните“.