Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити размислуваат да ги понудат Габриел Жезус и Рахим Стирлинг за да го обезбедат потписот на голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, најавија попладнево медиумите во Англија.
„Граѓаните“ се подготвени да се разделат со нивните играчи за да го реализираат посакуваниот трансфер на Кејн, кој индиректно изрази желба да замине во Сити. Весникот -„Сан“, објави, дека првиот човек на „спарси“, Даниел Леви, поставил цена од 150 милиони фунти за потписот на Кејн.
Сепак, понудата во која се вклучени Стирлинг и Жезус, може да биде профитабилна за Тотенхем.

