Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити би можеле да го ангажираат дефанзивецот на Тотенхем, Дестин Удоџи.
Наводно, „граѓаните“ имаат намера да ангажираат бек во текот на летото а 22-годишниот Италијанец е на нивната потесна листа. Трансферот нема да биде лесен бидејќи „спарси“ сакаат да го задржат одличниот фудбалер кој дејствува по страничните позиции.
Според дел од медиумите, англискиот состав го пикирал и фудбалерот на Јувентус, Андреја Камбиасо.

