Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано изјави дека напаѓачот на тимот Ерлинг Халанд нема да се пресели во Реал Мадрид во блиска иднина.
„Халанд е среќен во Манчестер Сити. Беше неверојатно успешен и мислам дека ќе игра за нас уште многу години“, рече Соријано.
„AS“ претходно објави дека Реал Мадрид би можел да ја активира опцијата за купување на Халанд. Во договорот на Норвежанецот има откупна клаузула од 200 милиони евра. 23-годишниот напаѓач му се приклучи на Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд за 51,2 милиони фунти. Договорот на Халанд е до летото 2027 година.

