Вечер во Англија не чека мечот меѓу Манчестер Сити и Спортинг. Избраниците на Гвардиола на „Етихад“ треба да имаат само полесен тренинг откако славеа убедливо на гостувањето во Лисабон со 5-0.
„Граѓаните“ кои се наметнуваат како еден од фаворитите за победничкиот пехар, во последниве четири години успеваат да дојдат најмалку до 1 /4 финалната фаза. Португалскиот тим никогаш не го прескокнал осмина-финалето во Лигата на шампионите. Во историјата нема екипа која успеала да анулира негатива од 5 голови по првиот меч. Двата тима се сретнале 4 пати во Европа а билансот е три победи на Манчестер Сити и една на Спортинг.
Веројатни состави: Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон; Кансело, Стонс, Лапорт, Зинченко; Гундоган, Фернандињо, Б.Силва; Марез, Г. Жесус, Стирлинг. Спортинг (3-4-3): Адан; Реи, Котс, Игнасио; Поро, Гарте, Хесуго, Винагре; Сарабија, Слимани, Едвардс. СУДИЈА: Х. Мелер (Турција) СТАДИОН: Стадион Етихад. Почеток: 21.00