Англиските медиуми тврдат дека најмалку пет фудбалери на Челзи од различни причини сакаат да го напуштат клубот во текот на летниов трансфер период.
Станува збор за Цезар Аспиликуета, Маркос Алонсо, Хаким Зијах, Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ. За нив се заинтересирани италијански и шпански екипи и многу е веројатно да си заминат од стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, челниците на англискиот состав ќе направат напор да задржат дел од нив и да им понудат подобри договори.

