Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска се вратија во клупската база Карингтон за да ги обноват тренинзите откако во клубот се појавија повеќе случаи на заразени со Ковид-19.
„Црвените ѓаволи“ ја затворија тренинг база во понеделникот и оттогаш тимот не тренираше. Натпреварот со Брентфорд кој требаше да се одигра вчера беше одложен. Во текот на викендот пред нас, Манчестер Јунајтед ќе го пречека Брајтон на „Олд Трафорд“ со надеж дека натпреварот ќе се одигра и дека играчите ќе бидат подготвени.
Фудбалерите беа тестирани пред да се вратат во базата и сите што имаа негативни тестови им беше дозволено да тренираат.