Лионел Скалони и Пабло Аимар ќе бидат привремени селектори на аргентинската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Хорхе сампаоли. Како што објави првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, овој двоец ќе ја добие улогата на предводник на националниот тим на првите пријателски средби.
„На следните три пријателски натпревари, тимот ќе биде предводен од Скалони и Аимар. Ние решивме да си земеме малку подолго време пред да одлучиме кој ќе го предводи националниот тим во иднина“, изјавил првиот човек на АФА.
Скалони беше дел од тренерскиот тим на сампаоли на СП во Русија, а поранешниот репрезентативец на Аргентина, Аимар, досега работеше со помладите категории во националниот тим (У17). Инаку, АФА го раскина договорот со Сампаоли по дебаклот на СП во Русија.