Селекторот на фудбалерите на Аргентина, Лионел Скалони, имаше задолжителна средба со новинарите пред мечот со Хрватска во полу-финалето на Мундијалот.
„Многу ја анализиравме Хрватска. Тие се тим кој има одлични играчи. Ќе биде тежок натпревар“ – вели Скалони.
„Сите сакаат да гледаат играчи како Модриќ. Не само поради неговиот талент туку и поради односот кон противникот“ – вели селекторот на „гаучосите“ пред утрешниот меч на СП во Катар.