Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони одговори на прашањето дали Лионел Меси ќе игра на Светското првенство во 2026 година.
„Да видиме што ќе се случи следно, има уште многу време. Мора да се движиме од натпревар во натпревар, инаку ќе зборуваме за истото до крајот на годината. Треба да го оставиме на мира. Одлуката ќе ја донесе кога тој сака, да не го полудуваме“, изјави селекторот на аргентинската репрезентација.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Селекцијата на Аргентина обезбеди пласман на турнирот.

