Претседателот на Милан, Паоло Скарони, верува дека мечот со Комо во февруари ќе биде одигран во Перт во Австралија.
„Ако воопшто одиме, тоа нема да биде од финансиски причини. Профитот е многу мал, неколку милиони. Одиме таму за да ја глобализираме Серија А“ – рече Скарони.
„Во Перт има голема италијанско-австралиска заедница. Проценивме дека на тој начин можеме да го промовираме Милан во Австралија“ – вели првиот човек на „росонерите“.

