Селекторот на аргентинските фудбалери, Лионел Скалони, ги сподели впечатоците по победата на пријателскиот натпревар против Костарика (3:1).
„Задоволни сме од тоа како поминаа контролните мечеви. На вториот натпревар видов зрел тим. Само Меси и Ди Марија имаат загарантирано место за Копа Америка“ – изјави Скалони.
„Гаучосите“ во текот на летото на Копа Америка ќе бидат дел од групата „А“ заедно со Канада, Перу и Чиле.

