Аргентинската фудбалска федерација официјално објави дека Лионел Скалони ќе остане селектор на националниот тим до 2026 година.
Младиот фудбалски стручњак го предводеше тимот до светската титула на Светското првенство во Катар и сосема логично ќе остане на својата функција уште 4 години. Така Скалони ќе биде предводник на „гаучосите“ и на на следниот светски шампионат.
Лионел Скалони е на чело на националниот тим на Аргентина од август 2018 година, кога го замени Хорхе Сампаоли.