Привремениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони, направи сериозни промени во составот за претстојните две контроли против Гватемала и Колумбија.
Само девет играчи од светското првенство најдоа место на листата со 23-има лица за претстојните пријателски средби. Надвор од составот е мегаѕвезда Лионел Меси, кој побарал одмор за претстојните натпревари на националниот тим.
Не се повикани и Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро и Анхел Ди Марија.
Меѓу новите имиња се играчите од Италија, Лаутаро Мартинез и Џовани Симеоне. Во групата се враќа и Мауро Икарди од Интер.