Аргентинскиот фудбалски селектор, Лионел Скалони, беше многу тажен и разочаран од настаните што доведоа до прекин на вчерашниот натпревар против „кариоките“.
Како што е познато, бразилските здравствени власти влегоа на теренот само неколку минути од почетокот на натпреварот со тенденција да депортираат четворица гостински играчи кои настапуваат во Премиер- лигата бидејќи не биле подложени на задолжителен карантин
„Јас сум многу тажен. Не барам виновник за тоа. Не беше вистинското време да се направи такво нешто. Немам зборови. Делегатот на КОНМЕБОЛ ни рече да се вратиме во соблекувалната“ – потенцираше Скалони.