Првиот човек на фудбалскиот состав Милан, Паоло Скарони, не се согласува со реакцијата на тренерот, Паоло Фонсека, кој по поразот од Аталанта ги нападна вербално судиите за лоша арбитража.
„Јас никогаш не ги коментирам судиите. По дефиниција, судијата е секогаш во право“ – кратко изјави Скарони.
Тоа беше четвртиот пораз за Милан во сезонава во Серија А. „Росонерите“ сега го имаат седмото место на табелата.

