Скаути на Арсенал го следеле во живо синоќа настапот на Николо Барела која играше за репрезентацијата на Италија со Финска.
Играчот од средниот ред им остави позитивни впечатоци со неговиот настап, па дури го постигна и првиот гол за селекцијата на Италија во победата од 2:0 против Финска.
22-годишниот фудбалер на Каљари е еден од најбараните играчи во Италија, досега Интер, Наполи и Милан покажаа интерес за него, објави „Газета Дело Спорт“.
Во текот на неделата, претседателот на Каљари Томазо Џулини ја постави цената за Барела. Тимот, кој сака да го купи овој играч од средниот ред, мора да плати 50 милиони евра на екипата од Сардинија.