Легендите на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, беа едногласни дека Атлетико Мадрид вчера имаше одлична поставеност на теренот и сосема заслужено ги елиминираше „црвените ѓаволи“ од Лигата на фудбалските шампиони.
„Атлетико беше феноменален. Сакам да ја гледам пасијата која доаѓа од Симеоне. Вистинска лекција како се доаѓа на гостински терен и се победува“ – изјави Сколс.
„Честитки за Атлетико. Беа паметни во малите детали и беа максимално мотивирани“ – беа зборовите на Фердинанд.